1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Вашингтон бара директни разговори меѓу Скопје и Атина

ЖА/миа 27 јули 2012

Американскиот Стејт демартмент отворено ги повика Грција и Македонија да почнат директни разговори за надминување на прашањето за името.

https://p.dw.com/p/15fDJ
Фотографија: AP

Мајк Хамер, помошник државен секретар, на брифинг за новинарите во Вашингтон изјави дека САД се надеваат дека решение за спорот може да се најде во краток рок.

„Долго време наша позиција е дека ги поздравуваме напорите на ОН и на генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун кој ги повика Македонија и Грција да бараат решение за прашањето за името. Ние се согласуваме со генералниот секретар дека постои потреба одново да се засилат напорите и САД продолжуваат да ги поддрржуват активностите на Метју Нимиц и на ОН прашањето за името да се реши на краток рок. Затоа, силно поттикнуваме да има активен ангажман, директно, меѓу Атина и Скопје, и се надеваме дека може да се постигне решение за спорот за името“, изјави Хамер на прашањето - дали САД ја поддржуваат најавата на генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун дека ќе побара од грчиот премиер Андонис Самарас да ја прифати македонската покана за разговори на високо ниво.