1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ватерполо и тенис

7 септември 2007

Германската ватерполо репрезентација на европскиот турнир за квалификации што се игра во Братислава, не успеа да се пласира за Олимпијадата во Пекинг.

https://p.dw.com/p/BdXB
Дали ќе му успее да го одбрани трофејот:Роже ФедерерФотографија: dpa

Вчера, во групата А, загуби од домаќинот Словачка со 9 спрема 8 и нема да настапи во полуфиналето. Последна шанса за Пекинг е турнирот во март идната година во романскиот град Орадеа, зашто од Братислава за Пекинг патува само победникот на турнирот. Во оваа група настапи и Македонија која во последниот натпревар загуби од Русија со 9 спрема 7 и со две победи го освои петтото место. Во полуфиналето се најдоа Романија и Русија од грпата А, како и Црна Гора и Грција од групата Бе.

Познати се и полуфиналните двојки од последниот годинашен тениски Грен слем турнир во Њујорк. Со синоќешната победа против Карлос Моја, за полуфиналето се пласира српскиот тенисер Новак Џоковиќ кому противник ќе му биде Шпанецот Давид Ферер. Втората двојка се бранителот на титулата Роже Федерер и Русинот Николај Давиденко. Во женска конкуренција полуфиналните двојки се: Жистин Енен против Винус Вилијамс и Светлана Кузнецова против Ана Чекватадзе.