Вартоломеј најави средба на православните цркви
25 септември 2008Реклама
Целта на состанокот, на кој се поканети поглаварите на сите автономни и афтокефални цркви, е зајакнување на православното единство и меѓусебната соработка.
Патријархот Вартоломеј пред Европскиот парламент во Брисел, не прецизираше кои проблеми се на листата за дискусија и дали на дневен ред ќе биде и спорот со признавањето на Македонската православна црква. Неговата главна порака пред европарламентарците се однесуваше на проблемите на Турција, а не на проблемите во патријаршијата. Тој ја повика Турција, доколку сака да добие поддршка од православната црква, да ги почитува правата на националните малцинства. „Ако Турција сака да биде дел од европскиот проект, треба да се залага за мултикултурниот дијалог“, изјави Вартоломеј во Брисел.