1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Варварство наместо решавање на проблемите?

Улрике Маст Киршнинг10 декември 2006

Признавањето на вроденото достоинство и еднаквите права за сите членови на човечкото семејство ја градат основата на слободата, праведноста и мирот во светот, се вели во општата повелба за човековите права на ОН од 1948 година. Настанати како резултат од конкретни искуства за неправедност, се чини дека сознанијата на човештвото за соживот на глобусот повторно паднаа во заборав, а се загрозени и правата на с

https://p.dw.com/p/Ac13
Протести по повод денот на човековите права
Протести по повод денот на човековите праваФотографија: AP

�обода. Коментар на Улрике Маст Киршнинг

Кога рускиоит министер за надворешни работи Сергеј Лавров му префрлува на ОБСЕ, дека премногу се залага за почитување на човековите права, ова би можело да се сфати речиси како добар знак. Бидејќи покажува одредена степен на осетливост - кога станува збор за јавно документираните пропусти во состојбата со човековите права во неговата земја и во конкретен случај исто и во Казахстан.

Осетливост, која по нападите од 11 септември 2001 значително опадна во полтичкиот бизнис. Дури и државно - правните демократии, како САД, тогаш усвоија мерки за државна безбедност кои паднаа на товар на правата за слободи а со тоа држаната судска власт ја доведоа во многубројни конфликит со владата.

Непочивувањето на незаменливо важечката забрана за измачување припаѓа на најтешките повреди на човековите права. Тоа е слично на уривање на столбовите на една правна држава и води право во варварство на многу региони, земји и општества. Кога така наречената Бејкерова комисија во САД конечно сака повторно да ја води борбата против тероризмот со дипломатија и будност, наместо со воени средства и организирани повреди на човековите права, тогаш конечно ова е и еден добар знак.

Имено соесема сеедно дали станува збор за политичко – граѓански човекови права, за правото на слобода на мислењето, правото за демонстрации, правото за слободни избори, правото на телесната неповредливвост и забраната за измачување или за економски- социјалните права, како правото на исхрана, правото на образование, правото на живеење, за зарбаните за дискриминација врз основа на бојата на кожата, етничката припадност или врз основа на полот - човековите права и искуствата кои се кријат зад нив треба да бидат максима на постапките на државите.

И сосема сеедно дали станува збор за борба против теророт, за борба против сидата, против сиромаштијата или за отстранување на насилствата против жените, само натпревар за изнаоѓање најдобри решенија, но не и натпревар за борба за создавање варварства, може да овозможи соживот на земјата. Притоа самите држави преку добри примери и со покажување јасен став во однос на човековите права може да овозможат оддржливост и соработка. Само тие може да гарантираат достоинство и слобода за секој поединец, за да се овозможат стабилни држави и со тоа потребниот простор за мировно решавање на проблемите на земјината топка.

Имено проблеми има доволно дури и иницијативата на пазарните сили, како натпревар, моќ и способност за спроведувањење не се гаранција за ориентација на општествата кон човековите права, како што покажува примерот со Кина. Стравот од супер силата Кина

не е само од подобри економски достигнувања, туку и страв од доминантоност на едно општество на вредности, кое има малку допирни точки со правото на слобода од општата повелба за човековите права.

Самата таа повелба за човековите права на ОН и точките и договори кои и припаѓаат ја формираат рамката на делување и ориентација за развој и соживот на општествата ширум светот. Таа да се запостави значи на човештвото да му се оттргне најдобрата и најегзистенцијалната основа, која има да ја понуди во една глобална епоха.