1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Важни етапни победи за Шредер

14 февруари 2004
https://p.dw.com/p/AcPw

Германскиот канцелар Герхард Шредер денеска извојува две важни битки во внатрешно-партиската дебата околу натамошниот реформски курс на СПД. Тој доби голема поддршка за продолжување на започнатите реформи, како од делегатите на Конгресот на покраинската организација за Северна Рајна Вестфалија, така и од онаа за Баден- Виртенберг.

"Оној кон исправно ќе погледне во она што не' очекува и во она што веќе го постигнавме, тој ќе се сложи со мене кога велам дека во критиќното време за германската историја повторно социјалдемократите ја имаат клучната улога. Кој, драги другари ако не ние, каде и кога, ако не сега - ние мораме да ја преземем сета одговорност врз нашите плеќи. Помогнете да успеме во тоа - ве молам!"

Вака им се обрати на 450-те делегати на Конгресот на влијателната покраинска организација на СПД за Северна Рајна Вестфалија, шефот на партијата во оставка, Герхард Шредер. Започнатите реформи мораат да се спроведат и не може секому во партијата да му се излезе пресрет во различните брања, нагласи Шредер, со кого се сложи и неговиот наследник на функцијата Франц Минтеферинг: "Ги имаме сите шанси да останеме земја на благосостојба, но тоа нема да се случи само од себе. Нешто ќе мораме да сториме за тоа. Нашиот проблем другари и другари е што сегашните интереси се чини дека имаат поголема тежина од интересите што се однесуваат на иднината!" - нагласи Минтеферинг.