Важен чекор кон помирување
13 јануари 2008Реклама
Ирачкиот парламент му даде подарок на американскиот претседател, Џорџ Буш за време на неговата турнеја по Блискиот исток - направен е важен чекор кон национално помирување и исполнето едно од главните барања на САД. Парламентарците го донесоа законот за повторно вработување на приврзаници на поранешната Баас партија на екс-диктаторот Садам Хусеин, во јавната администрација. Со 30-те параграфи на законот се укинуваат ограничувањата кои досега важеа за членовите на партијата на Садам, која веќе не постои.
Незадоволството што произлезе од ваквите уредби беше хумусот на кој на најдобар начин виреат бунтовничките групи. Затоа, двете први уредби на Бремер, во меѓувреме важат како две главни грешки што ги сторија Американците по влегувањето во Ирак.
Грешките на Американците
Само еден месец по уривањето на Садам Хусеин од власт, во мај 2003 година, Пол Бремер, кој во тоа време беше прв човек на Американците во Багдад, во една негова наредба побара приврзаниците на Баас партијата да не се вработуваат веќе во државните служби, односно тие што се вработени да се отпуштат. Беа отпуштени службеници во министерства и во управата, менаџери во банки, директори на училишта и ректори на универзитети. Непосредно потоа, Бремер нареди и распуштање на ирачките безбедносни сили. Со овие две уредби, со молскавично беа отпуштени од работа 750 илјади Ирачани, независно од тоа дали тие сториле некакви злосторства или не.
Незадоволството што произлезе од ваквите уредби беше хумусот на кој на најдобар начин виреат бунтовничките групи. Затоа, двете први уредби на Бремер, во меѓувреме важат како две главни грешки што ги сторија Американците по влегувањето во Ирак.
Реклама