Буџетот за 2012 потенок од планираното
19 ноември 2011Полското претседателство во Брисел соопшти дека издатоците на Европската унија, споредено со тековнава година, ќе бидат зголемени за речиси два проценти, на 129 милијарди евра. Со тоа е исполнето барањето на дел од земјите членки на Европската унија за зголемување на ставката на издатоци согласно стапката на инфлација. Европскиот парламент на крајот на октомври поднесе буџетски план кој предвидуваше издатоци од 133,1 милијарда евра, значи плус од пет проценти во споредба со оваа година.
Германија, која е најголем „плаќач“ во ЕУ заедно со Велика Британија и Франција, бараше буџетот на ЕУ за 2012 година да се зголеми само онолку колку што ќе се зголеми стапката на инфлација. Согласноста околу буџетот постигната во Брисел, сега треба формално да ја потврдат Европскиот парламент и министрите за финансии.
Автор: ЕМФ/дв
Редактор: А.Трајковска