1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Буш ја критикува Русија

15 август 2008

Американскиот претседател Џорџ Буш повторно ја подржа Грузија, порача дека Русија го нарушила својот меѓународен углед со испраќањето на својата армија во Грузија. Русија и Грузија се обвинуваат за недела против цивилите

https://p.dw.com/p/Ey14
Џорџ Буш: затегнатите односи со Русија не ни се во интересФотографија: AP

САД сакаат и натаму да имаат добри односи со Русија и да не се вратат кон затегнатите релации од Студената војна . „Затегнатите односи не се во интерес ни на Русија ниту на САД“ -истакна Буш. Демонстрирањето сила и заплашувањето од страна на Русија не е прифатлив начин за водење на надворешна политика во 21-иот век, изјави Буш.

Кондолиза Рајс во Грузија

Американската министерка за надворешни работи Кондолиза Рајс критички го оцени мировниот договор за Кавказ, изработен од посредникот во конфликтот, ЕУ. Заради заштита на грузиските интереси, во дел од шесте точки на планот потребни се важни разјаснувања, мора да постои формален прекин на огнот, изјави Рајс во главниот грузиски град Тбилиси. Таа во разговорите со грузискиот претседател Михаил Сакашвили потенцираше дека САД и ЕУ се единствени: интегритетот на Грузија е неприкосновен, вклучувајќи ги и отцепените региони Абхазија и Јужна Осетија. Грузија и Русија во основа се согласија со мировниот план на ЕУ во вторникот вечерта.

Инаку, двете земји и понатаму се обвинуват меѓусебно за недела против цивилното население. Грузискиот претседател Сакашвили ја обвини владата на Русија за свесна политика на етничко чистење и за брутални напади и насилство спротивно на Женевската конвенција.

Хјуман Рајтс Воч- Русија употребила распрснувачки бомби

Организацијата за човекови права Хјуман Рајтс воч пак објави дека Русија употребила распрснувачки бомби во грузискиот град Гори и во околината. Од вакви бомби биле убиени најмалку единаесет лица, а голем број ранети. Руската војска ги отфрли обвинувањата. Заменикот на рускиот Генералштаб Анатоли Ноговицин тврди дека е тоа намерно ширење лаги.

Според него напнатоста на ситуацијата на воен план во Грузија попушта. Грузиските трупи се повлекуваат во касарните и со тоа го исполнуваат условот од Москва. Во центарот на Гори пак денеска веќе не се гледаат руски војници.

Руската армија соопшти дека во грузискиот град Сенаки бил откриен голем арсенал со американско оружје.

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун во меѓувреме изрази загриженост околу хуманитарната ситуација во кризниот регион. Двете страни во конфликтот мора да обезбедат пристап за хуманитарните организации, побара тој. Според информации на ОН, околу 100 илјади луѓе се во бегство.