1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Буш-Путин

4 јуни 2007

*

https://p.dw.com/p/Ao03
Американскиот претседател Џорџ Буш денеска ја започнува својата европска турнеја. Првата негова станица е Чешка, каде САД планираат да го инсталираат антиракетниот штит. Оттаму Буш ќе замине на самитот на Г8 во Хајлигендам. Рускиот претседател Владимир Путин предупреди дека Русија може повторно да ги насочи своите ракети кон цели во Европа, доколку САД продолжат со своите планови. Во рамки на посетата на Европа, Буш ќе ги посети Ватикан, Бугарија и Албанија.