Буш предупредува од трета светска војна поради Иран
18 октомври 2007Реклама
Во конфликтот со иранската атомска програма, американскиот претседател Џорџ Буш предупредува од трета светска војна. Ако Иран дојде до атомско оружје, тоа ќе биде сериозна закана за светскиот мир, изјави Буш. Иако не исклучува примена на сила, американскиот претседател сепак се надева дека спорот ќе се реши по дипломатски пат. Инаку САД најавија дека може да ги променат плановите за антиракетниот штит, ако Иран ја запре програмата за збогатување ураниум. Даниел Фрид помошникот на државниот секретар Рајс, појасни дека противракетниот штит е токму заштита од такви закани.