Буш на турнеја низ Азија
5 август 2008Турнејата во Азија американскиот претседател ја почнува во јужно - корејскиот главен град Сеул, каде со неговиот колега Ли Мјун Бак се очекува да води разговори околу атомската програма на Северна Кореја. Ќе го посети и главниот крај на Тајлнад Банког, каде според најавите треба да извлече биланс околу политиката за Азија. Сепак во центарот на турнејата е Пекинг.
Буш имено е првиот американски претседател кој ќе присуствува на отварање на Олимписки игри надвор од територијата на САД. Претседателот опстоја на своето ветување дадено на кинеското водство пред повеќе од една година и покрај тоа што во меѓувреме имаше големи недоразбирања меѓу двете земји околу конфликтот на Тибет на пример или нафтените бизниси на Кина со Судан но и поради ограничувањето на слободата на печатот во Кина.
Пред спортистите претседателот Џорџ Буш се изјасни дека е љубител на Олимписките игри и кошаркарскиот наптпревар Кина - САД би сакал директно да го гледа. Во интервју за кинеската телевизија сепак Џорџ Буш рече дека при посетата, во разговор во четири очи со кинескиот претседатлот Ху Џинтао ќе зборува и за критичните теми „Мислам дека е најдобро за американско - кинеските односи, ако патувам во Кина. Знам дека тоа е вистинскиот чекор да се испрати јасен сигнал до Кинезите дека ги почитуваме. Се разбира не се согласуваме за сите работи, но најдобар начин да се надмине тоа е дипломатијата.“ рече Буш
Покрај претседателот Буш, во Кина со него патуваат и членови на семејството. Ваквиот каратер на посетата укажува на тоа дека претседателот, три месеци пред крајот на неговиот втор мандат очигледно нема намера да стартува некоја позначајна иницијатива во односите со азискиот регион.