1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Буш: „Македонија мора да добие покана што е можно побрзо“

Младен Чадиковски/Загреб 5 април 2008

Очекуваме Македонија наскоро да биде повикана во НАТО порача американскиот претседател Џорџ Буш од Загреб каде се сретна со челниците на Јадранската група.

https://p.dw.com/p/Dcdl
Американскиот претседател Џорџ БушФотографија: ap

Македонија и Грција се главна тема и на средбата на Јадранската група во Загреб со претседателот на САД Џорџ Буш. САД, како и нејзините нови НАТО пријатели Албанија и Хрватска сметаат дека Скопје и Атина треба за што покусо време да ги финализираат преговорите за името, да најдат заеднички консензус за конечно да се оствари внесувањето на Јадранската група во НАТО.

Веднаш по средбата со претседателот на САД, македонскиот претседател Бранко Црвенковски изјави дека можеби во овој момент треба трезвено да се размислува и да се искористи сојузништвото со САД. Тој побара во наредните недели да се соберат лидерите на политичките партии, да дебатира и експертската јавност за да се размисли каква одлука треба да се донесе пред евентуалното продолжување на преговорите со Грција.

Премиерот Груевски пак изјави дека деновиве треба да се направат пошироки консултации со експерти и политичките партии. Според него прерано е да се каже одреден став додека не спласнат емоциите по самитот во Букурешт.