1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Буш – Ирак – повлекување

5 јули 2007

*

https://p.dw.com/p/BChx

Американскиот Претседател Џорџ Буш уште еднаш го одби барањето за назначување рок за повлекување на силите од Ирак. Во говорот до нацијата по повод Денот на независноста на САД, Буш порача дека и тој со нетрпение го чека денот кога во Персискиот залив ќе останат само мал број американски војници. Но, потребно е време додека неговата стратегија да вроди со плод, објасни Буш во говорот во воената база во Вест Вирџинија.