1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Буш за Блискиот исток

23 јули 2006

Единственото решение според американскиот претседател е разоружување на Хезболах

https://p.dw.com/p/Adzb
Џорџ Буш
Џорџ БушФотографија: AP

Американскиот министер за надворешни работи Кондолиза Рајс на Блискиот Исток патува по личен налог на претседателот Џорџ Буш. За целите на нејзината мисија Буш изјави:

„ Секретарот Рајс ќе стави јасно до занење дека решението на кризата бара да им се застане на патот на терористичките групи кои вршат напади и на земјите кои ги поддржуваат„

Една од тие земји според Џорџ Буш е Сирија која според него постојано ги поддржува екстремистите на Хезболах:

„ Повеќе години Сирија го финансира Хезболах и го снабдува со оружје од иранско производство. Иранскиот режим постојано ја предизвикуваше меѓународната заедница со своите амбиции за нуклеарно оружје и помошта на терористичките групи. Нејзините акции се закана за целиот Блиски исток и заложбите за воспоставување мир во кризниот регион„

Американскиот претседател нагласи дека со сојузниците и натаму ќе работи за стабилност во регионот и воспоставување здрави односи меѓу Израел и Палестина;

„САД и натаму остануваат за одржување на мирот на Блискиот исток. САД и нашите партнери ќе продолжат да бараат да биде вратен мировниот курс во регионот, како начин за формирање стабилна и демократска палестинска држава која ќе живее во мир со Израел. Ќе продолжиме со поддршката за лидерите како палестинскиот претседател Махмуд Абас„ рече Џорџ Буш