Буш бара поддршка за стратегијата во Ирак
20 март 2007Во краткото обраќање Џорџ Буш ја бранеше својата политика со признание дека извојувањето победа во Ирак нема да биде лесно:
“ На новата стратегија ќе и биде потребно повеќе време да даде резултат. Не очекуваат добри но и лоши денови во спроведување на планот. Додека им помагаме на ирачаните за обезбедување на главниот град Багдад, нивните лидери исто така почнуваат да ги прифаќаат утврдените цели за политичко помирување“
Џорџ Буш смета дека е прерано американските војници да го напуштат Ирак. Тој ги повика преставниците на Демократите во Конгресот да го поддржат неговиот план и да се откажат од одрдеување термин за повлекување од Ирак:
“ Можеби изгледа привлечно да се погледне кон предизвиците во Ирак и да се заклучи дека нашата најдобра опција е да се спакуваме и да се вратиме дома. Тоа можеби ќе биде добро на кратки патеки, но јас верувам дека последиците за американската безбеднос ќе бидат уништувачки. Доколку американските сили се повлечат предвреме од Багдад, насилството ќе се прошири низ целата земја а со време и во регионот“ рече Буш