Бучковски ќе се брани од слобода
4 август 2007Реклама
Поранешниот премиер и министер за одбрана на Македонија Владо Бучковски нема да биде притворен и ќе се брани од слобода,одлучи вчера истражната судијка во Основиот суд во Скопје.
Бучковски по неколкучасовниот распит беше поздравен од неговите приврзеници.Но,против него и натаму останува обвинението-кривичната пријава за злоупотреба на службената должност при набавката на резервни делови за армиските тенкови добиени како донација од Бугарија.