1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бучковски на распит во судот во Скопје

3 август 2007

*

https://p.dw.com/p/BPer

Распитот на поранешниот македонски премиер Владо Бучковски во Основниот суд 1 во Скопје и натаму трае . Во присуство на силно полициско обезбедување и бројни симпатизери и членови на СДСМ ја очекуваат одлуката на истражната судијка , дали нивниот поранешен лидер ќе биде притвиорен вбо истражниот затвор или ќе биде пуштен да се брани од слобода . Поранешниот премиер, на кого собраниската комисија за мандат и имунитетни прашања му го одзема имунитетот, е осомничен за злоупотреба на должноста во времето кога бил министер за одбрана. Тој се товари дека во 2001 година склучил договор со МЗТ ФОП за набавка на резервни делови за армиски тенкови, донација од Бугарија со што ја оштетил државата за 3 милиони евра. СДСМ во меѓувреме побараа распитот да биде прекинен и тој да биде натамошно изведен под меѓународен мониторинг.