1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бучковски во Стразбур

Тони Гламчевски12 април 2006

Македонскиот премиер , Владо Бучковски, кој денес ќе се обрати пред Парламентарното собрание на Советот на Европа, престојот во Стразбур го почна со средба со неговиот колега од Луксембург, Жан Клод Јункер. По средбата, Бучковски нагласи дека го уверил луксембуршкиот премиер дека прв клучен чекор на Македонија на тој пат е спроведување на фер и демократски избори. Од своја страна, премиерот на Луксембург п

https://p.dw.com/p/Ac7R
Бучковски ќе зборува пред Парламентарното собрание на СЕ
Бучковски ќе зборува пред Парламентарното собрание на СЕФотографија: dpa

� средбата истакна дека тој се залага за целосно членство на Македонија во Европската Унија.

Македонскиот премиер Владо Бучковски, веднаш по средбата со неговиот колега од Луксембург, изјави дека во моментов кога сеуште е отворена темата околу апсорпционата моќ за проширувањето на ЕУ, ќе мора да се продолжи со изнесување на македонските аргументи. Односно да ги увери европските лидери дека Македонија треба да има ист третман како Хрватска.

"Ние признаваме дека Хрватска е пред нас . Но пред да дојде големата дебата дали ЕУ ќе продолжи со истото темпо да се проширува и дали важат истите солунски принципи или има нови по сето она што се случуваше на 15 и 16 март во Европскиот парламент по извештајот на Елмар Брок, ќе треба да се потрудиме на сите средби да говориме дека Македонија е битна за целиот регион на Западен Балкан".

Бучковски го уверил луксембуршкиот премиер дека прв клучен чекор на Македонија на тој пат е спроведување фер и демократски избори .

"Тоа им го должиме на нашите граѓани. Мора сите лидери на политичките партии да ги надминат теснопартиските интереси, со што ќе биде поедноставно да се продолжи и со лобирањето и со макотрпната битка . Во секој случај нема да биде лесно", нагласи Бучковски.

Во врска со визниот режим, Бучковски рече дека и на средбата со Јункер, како и при средбата со претседателот на Европскиот парламент Јозеп Борел во Скопје, ја пренесол загриженоста од недоследното спроведување на солунската агенда каде децидно стои дека ЕУ треба да почне разговори со земјите од Западен Балкан за либерализација на визниот режим, и оти сега Унијата говори само за олеснување на визниот режим како преодна фаза до целосна либерализација.

Од своја страна премиерот на Луксембург Жан-Клод Јункер рече дека тој се залага за целосно членство на Македонија во ЕУ.

"Мој прв избор е полноправно членство на Македонија, но доколку се покаже дека тоа не е соодветно заради македонски или европски причини, може да се разговара и за други модалитети на соработка".

„Јас поаѓам од принципот дека треба да се почитуваат обврските преземени на самитот во Солун, каде на кредибилен и искрен начин се обврзавме да им дадеме европски перспективи на земјите од Западен Балкан. Македонија последниве години постигна огромен и импресионирачки напредок. Јас сум меѓу оние кои сакаат да и дадат на Македонија реална подршка, за да се конкретизираат европските перспективи на оваа мала земја, која е голема нација“.

За датумот на почетокот на преговорите за зачленување на Македонија во Европската Унија, Јункер не се впушта во прогнози.

„Не сакам да шпекулирам, тоа е работа на Европската Комисија, но не мислам дека ќе има одлагање на овој пат, сепак тоа е процес кој што трае.“

Премиерот Бучковски денес ќе му се обрати на Парламентарното собрание на Советот на Европа. Предвидено е тој да има повеќе средби меќу кои и со претседателот на асамблеата, Рене ван дер Линден и генералниот секретар на Советот на Европа, Тери Дејвис.

Запрашан дали на овие средби ќе стане збор за случајот "Ел Масри", премиерот Бучковски вели дека не очекува да се разговара за ова прашање, додавајќи:

„Ние ќе бидеме крајно отворени, транспарентни и подготвени за соработка!“