1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Буто ќе се врати во Пакистан

2 септември 2007

*

https://p.dw.com/p/BaeF

Поранешната пакистанска премиерка Беназир Буто,која живее во егзил во Лондон, има намера да се врати во татковината уште пред изборите закажани за оваа есен, иако пропаднаа нејзините преговори со претседателот Первез Мушарав за поделба на власта. Против Буто во Пакистан се води истрага за корупција.

Буто од Мушарав бараше прекин на истрагата против неа, како и промена на законот, со што ќе и се овозможи да се кандидира за трет мандат. Од Мушарав побара и да се повлече од функцијата шеф на војската, за против услуга ќе го подржи неговиот реизбор за претседател во Парламентот.