1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Буто ќе се врати во Пакистан

2 септември 2007

*

https://p.dw.com/p/Babp

Поранешната пакистанска премиерка Беназир Буто, има намера да се врати во татковината уште пред изборите закажини за оваа есен. Политичарката која живее во егзил во Лондон најави дека, иако пропаднаа нејзините преговори со претседателот Первез Мушарав за поделба на власта, во Пакистан таа има намера да се заложи за демократијата, рече Буто против која во Пакистан тече истрага за корупција.

Буто на срдбата со Мушарав бараше да се прекине истрагата против неа, како и да се направи промена на законот, со што ќе и се овозможи да се кандидира за трет мандат. Од Мушарав побара и да се повлече од функцијата шеф на војската, за против услуга ќе го подржи неговиот реизбор за претседател во Парламентот.