Буто ослободена од домашен притвор
10 ноември 2007Реклама
Државниот обвинител на Пакистан, Малик Мохамед Кајум најави дека вонредната состојба што ја воведе шефот на државата Первез Мушараф ќе биде укината за еден месец, предуслов е да се подобри безбедносната состојба. Во меѓувреме на водачот на пакистанската опозиција и поранешен премиер Беназир Буто и беше дозволено да ја напушти куќата во Исламабад и да се сретне со претставници на партијата и странските дипломати. Во текот на вчерашниот ден Буто беше во домашен притвор. Властите сакаа да спречат таа да учествува на демонстрациите против Мушараф.