Буто го посети мавзолејот на татко и
27 октомври 2007Реклама
Поранешната премиерка на Пакистан, Беназир Буто денеска го посети мавзолејот посветен на нејзиниот татко, што е првпат откако по осумгодишен егзил се врати во земјата. Областа ја обезбедуваат голем број специјални сили, поради зголемената опасност по атентатите за време на пречекот на Буто во кои загинаа стотина лица. Инаку таткото на Буто, Зулфикар Алија бил претседател и премиер на земјата и основач на Пакистанската народна партија која сега ја предводи неговата ќерка.