1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бунтовниците го напаѓаат Триполи

21 август 2011

Главниот град на Либија во текот на ноќта беше потресен од жестоки борби меѓу бунтовниците и силите на властодржецот Моамер ел Гадафи. Се јавува за повеќе тешки експлозии во одделни населби во градот.

https://p.dw.com/p/12Knb
Либиските бунтовници го слават освојувањето на градот БрегаФотографија: dapd

Арапската телевизија Ал Џазира јави дека само во борбите во предградието Таџура загинале најмалку 120 бунтовници. Претседателот на Преодниот совет на бунтовниците, Мустафа Абдел Џалил, за Ал Џазира изјави дека офанзивата на бунтовниците е претходно договорена со НАТО и арапските сојузници. Уште во петокот во близина Триполи било донесено тешко вооружување, изјави Џалил.

Бунтовниците ги контролираат Завија и Брега

Борбени авиони на НАТО во регионот на главниот град извршија масивни воздушни напади. Моамер ел Гадафи пак во текот на борбите во аудио-порака пренесена преку државната либиска телевизија ги повика своите приврзеници конечно да му стават крај на повеќемесечниот бунт во земјата.

Во текот на вчерашниот ден буновниците известија дека го освоиле блискиот приморски град Завија како и градот Брега, кој е важно нафтено пристаниште.

Автор: СН/ АТ/ дв/ ртр

Редактор: Александра Трајковска