1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бундеслига: коло на судиски грешки

15 март 2004

Во Бундеслигата по 24-тото коло Вердер со победата над Келн со 3 спрема 2 веќе има 9 бодови предност на табелата. На Вердер му помогна судијата поништувајќи според се' регуларен гол на гостите, кој можеби на Келн ќе му значеше зрак на надеж, а вака судбината му изгледа дефинитивно запечатена. Вердер веќе 15 кола е непоразен, а Аилтон со два нови и вкупно 22 гола води меѓу стрелците. Баерн во Минхен на крајот од пена

https://p.dw.com/p/Aenu

� спаси бод со Ханза Росток.

"3 спрема 3 не е она што си претставуваме. На полувремето водевме со 2 спрема нула и во принцип кога дома ќе се постигнат три голови тоа мора да е доволно за победа. Но не бевме доволно концентрирани во одбраната, речиси би рекол примивме голови како во детска градинка", прокоментира претседателот на Управниот одбор на клубот Карл-Хајнц Румениге, некогашен репрезентативец. Евалд Линен немаше среќа во првиот натпревар како нов тренер на Хановер на местото на сменетиот Ралф Рангник - неговиот итм доминираше, во финишот на два пати ја погоди пречката, а на крајот е поразен од директниот конкурент во борбата за опстанок Кајзерслаутерн со 1 спрема нула. Херта Берлин во Хамбург од 55-тата минуте играше со десет, а последните 25 минути само со 9 играчи, по исклучувањето на ван Бурик и Фридрих, па поразот беше неминовен. Менаџерот Дитер Хенес зборува за тенденција по низата грешки на судиите на штета на неговиот тим во последно време. Борусија Дортмунд може да се пожали дека со судиска грешка и' беше одземена победата - Фрајбург изедначи од сомнителен пенал. Други карактеристики на колото: прва победа на Баер Леверкузен во пролетниот дел, прв пораз на Шалке по серија од 10 натпревари и пет последовни победи на гостувањата, вкупно 30 голови, од кои оној на Бербатов во Леверкузен е најбрзиот во првенството - постигнат е по само 32 секунди од почетокот на натпреварот.