Бундеслигата најгледано национално првенство
19 декември 2012Германската Бундеслига, со просечни 42.109 гледачи по натпревар, е најгледана лига од петте најсилни во Европа. Во првиот дел од сезоната одиграните 153 натпревари ги проследиле вкупно 6.442.643 гледачи.
Сепак, поради испаѓањето од Бундеслигата на екипите на Кајзерслаутерн, Херта и Келн кои имаат големи стадиони, не е надминат рекордот од пред една година, кога мечевите во Бундеслигата во просек биле следени од 45.151 гледачи.
Најмногу гледачи во просек ги гледале мечевите на Борусија Дортмунд (80.496), на второто место е минхенски Баjерн (71.000). На последното место е новиот член на Бундеслигата Гројтер Фирт со 17.595 гледачи во просек, но треба да се напомене дека стадионот на Гројтер има капацитет од 18.000 седишта.
Најслаба посетеност на Буденслигата е регистрирана во сезоната 1972/ 73 година, кога поради скандалите од претходната година, на стадионите во просек дојдоа 16.856 гледачи.
Зад Бундеслигата годинава, на второто место се наоѓа англиската Премиерлига, со просек од 35.300 гледачи, трета е шпанската Примера (28.200), четврта Серија А (24.000), а на петото место е француското првенство (19.800).