1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бум на продажбата на оружје во САД

АТ/ дапд/ ртс/ афп3 јануари 2013

Граѓаните на САД купуваат оружје, оти се чувствуваат несигурни по масакрот во Њутаун. Во декември речиси 50 проценти повеќе Американци во споредба со истиот период лани поднесле барање за проверка за поседување оружје.

https://p.dw.com/p/17Cvu
Фотографија: picture-alliance/dpa

Речиси 2,8 милиони граѓани на САД во последниот месец стекнаа права да купат оружје. Ова го соопшти ФБИ, по спроведувањето на проверката. Од 1998 година во целата земја проверката е предуслов, за едно лице да смее да купи пушка или пиштол кај трговците. Колку оружје реално е купено, не може да се провери. Меѓутоа постојат индиции, дека продажбата е значително зголемена. Вкупно, во последната година биле поднесени речиси 20 милиони барања за проверка за поседување оружје. Тоа е пораст од речиси 20 проценти.

Последниот масакр во Њутаун ја поттикна продажбата на оружје

Причина за бумот за огнено оружје е масакрот во основното училиште во Њутаун во сојузната држава Конектикат. Младо момче на 14. декември застрела 20 деца и шест возрасни, пред да изврши самоубиство.

По масакри во САД секогаш се зголемува продажбата на оружје. Многу американски граѓани се уверени дека само со сопствено оружје може да придонесат да се отстрани потенцијален извршител на масакр. Особено силното американско лоби за оружје го поддржува овој став.

По последниот масакр во политиката и во јавноста повторно се дискутираше дали би имало смисол да се зајакнат законите за оружје. Но, во меѓувреме дебатата стивна. Американскиот претседател Обама, меѓутоа, на крајот на годината најави дека нема да попушти и ќе се заложи за построги закони за оружје.

Општо опаѓа бројот на американски домаќинства кои поседуваат огнено оружје: во 1977 година, квотата според Универзитетот во Чикаго изнесувала 54 проценти, додека во 2010 година таа изнесуваше 32 проценти.

Речиси три недели по масакрот децата кои преживеаја и наставниците денеска (03.01) првпат ќе се вратат на училиште и ќе се обидат да го живеат секојдневието. Наставата ќе се одржи во објект во соседната општина.