1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бум на онлајн клеветата!

Силвера Падори-Кленке27 јули 2012

Во Германија клеветата во медиумите е регулирана со Кривичниот и Законот за печатот. Судските постапки за клевета во класичниот печат се намалени, наспроти порастот во онлајн изданијата и во социјалните мрежи.

https://p.dw.com/p/15ZFH
Фотографија: picture-alliance/dpa

Времињата се сменети, па така и третманот на клеветата во германскиот печат се адаптира на новиот мултимедиски тренд. Ова значи дека е намален бројот тужби за клевета во класичните медиуми - печатот, радиото, телевизијата, наспроти вистинскиот бум судски постапки во таканаречената „веб 2.0“ интернет сфера.
„Секој што се чувствува наклеветен може да се обрати до весникот, радиото, телевизијаа и да побара отповикување на кажаното. Доколку весникот или другиот медиум останат на своето мислење вистината се бара преку суд. Во принцип, меѓутоа, ова денес не се случува често“,  вели за ДВ Ања Паскваи од Сојузното здружение на германските издавачи на весници.
Михаел Терхааг, од адвокатската канцеларија Терхааг и Партнерите која е специјализирана за правото на медиумите и печатот,  ИТ, он-лајн и сл. вели дека  доколку клеветата судски се потврди, предвидени се остри казни: парични и затвор до две години. Во практика, меѓутоа ова не се случува.
„Во класичните медиуми клеветата нема голема улога зашто работите што се објавуваат се добро истражени. Има по некој случај  весниците да објават работи за популарни лица или за политичари кои не се точни.Тогаш следуваат појаснувања. Клеветата, меѓутоа, сега е се’ покарактеристична за новите медиуми, зашто многу брзо се пренесуваат понекогаш и погрешни информации“ , подвлекува Терхааг.

Молскавично брзо ширење на невистини

Според него клевети, навреди, компромитирачки фотографии и цели филмови се поставуват на Интернет и потоа преку мобилните телефони молксавично брзо се прошируваат. Во ваквите случаи, најважно е брзо да се интервенира  и да се избришат од мрежата. Ова се однесува не само за луѓе од јавниот живот  и политиката, туку се’ почесто цел на манипулации стануваат обичните граѓани. Доколку компромитирачкиот или неточниот  материјал осамне на официјални он-лајн страници на медиуми, повлекувањето мора да се бара брзо и директно од редакцијата. Честопати меѓутоа зад ваквите невкусни и болни пораки стојат анонимни лица кои под псевдоним настапуваат на социјалните мрежи, Фејс бук, Ју-тјуб, во форумите и сл.Во тој случај брзо остранување од Интернет се бара од провајдетот, а потоа се оди по официјалните правни патишта. Доколку материјалот не се отстрани се оди на суд и по куса постапка се покренува парница против медиумот или давателот на интернет услугите. Ако, пак и по постапката за неколку дена материјалот не се избрише од Интернет, тогаш  мора да се оди на повисока инстанца каде исто по кратка постапка предметот треба да се разгледа. „Теоретски казните изнесуваат и до 250.000 евра или 6 месеци затвор“, објаснува за ДВ адвокатот Михаел Терхааг.  
„Мора да се каже дека Интернетот само навидум е слободен простор зашто и за него важат сите закони како и за весниците, радиото и телевизијата.  Корисниците треба да знаат дека уште потешко е да се повлече клевета која е проширена преку Интернет. Значи,  треба да научиме како да се однесуваме и како да го спречиме етикетирањето преку Интернетот“,  коментира и Ања Паскваи од Сојузното здружение на германските издавачи на весници.

Porträt Rechtsanwalt Michael Terhaag
Се’ почести се клеветите на интернет и социјалните мрежи-Михаел Терхааг од адвокатската канцеарија Терхааг и партнеритеФотографија: LL.M. von Terhaag & Partner Rechtanwälte
Porträt Anja Pasquay
Се’ поретки се тужбите за клевета во печатот! Ања Паскваи од Сојузното здружение на германските издавачи на веснициФотографија: DW