1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бугарските партии меѓу шкембе чорба и Европа

Антоанета Ненкова / Александар Методијев17 јуни 2012

Авторитаризам внатре и провинционализам кон надвор – тоа се двете карактеристики на бугарскиот политички систем. На изборите догодина ќе има три стари и еден нов играч на бугарската политичка сцена.

https://p.dw.com/p/15GhW
Фотографија: nstanev/Fotolia

Повеќето партии во Бугарија веќе се дел од европските партиски фамилии. Но, тоа не спречи на изборите во 2011-та година да блеснат дефектите во бугарскиот демократски процес. Се покажа дека изборната партиска машинерија во Бугарија може да ја „поткопа“ секоја партиска комбинација. Кој ги брои гласовите, тој ги решава и изборните резултати, вели доајенот меѓу бугарските социолози проф. Петар Емил Минев. Дали изборите во 2013-та година ќе го променат тоа?

Камуфлиран авторитаризам

Според професорот Митев, изборите во 2013-та година ќе бидат крстопат за Бугарија, а изборот ќе биде меѓи ребалканизација и европеизација. Без промена на правилата во партискиот живот нема да се стави крај на двојниот внатрешен политички живот, којшто професорот Митев го нарекува камуфлиран авторитаризам, а надворешната политика на земјата ќе се поразува со својот провинцијализам. Или, поинаку кажано, членството на Бугарија во ЕУ ќе стане неефективно. Електоратот ќе нема јасна претстава за банкротот на мали и средни компании, ќе биде осиромашен и ќе се грижи по традиција најмногу за тоа дали Брисел ќе го лиши од шкембе чорбата, вели социологот.

Bulgarien Rechtsextremismus Anhänger Emblem Partei Ataka
„Атака“ е во процес на институционален распадФотографија: AP

Кој со кого?

Според Огњан Минчев, разделбата со авторитаризмот и провинцијализмот нема да е лесна. Стремежот на партијата ГЕРБ на Бојко Борисов е да формира политички систем од типот „еден и половина“: силна доминантна владејачка партија и една втора партија, која ќе ја игра улогата на опозиција, но без шанса да ја надмине оваа улога. Тоа е посакуваната изборна цел. Таков партиски систем може да биде многу поотпорен модел на бугарската политичка сцена, отколку што можеме да претпоставиме, тврди Минчев, кој во главната улога ја леда партијата ГЕРБ, а во опозицијата БСП.

А, каков е потенцијалот на другите бугарски партии? Според Огњан Минчев новата партија - Бугарија на граѓаните, како што има големи можности, така и крие големи ризици. Партијата на Кунева, коментира Минчев, е стилски јака на зборови, но аморфна како содржина и како инструмент за привлекување на јавна поддршка. Според Огњан Минчев, „Атака" преживува исклучително динамичен процес на институционален распад, а прогнозата за ДПС е дека ќе добие еден добар среден резултат. СДС, пак, може да биде само петото помошно тркало во раководењето на ГЕРБ, прогнозира Минчев.

Bulgarien Bojko Borissow
Бојко Борисов е за моделот „еден и половина“, во кој неговата партија ГЕРБ не е половинатаФотографија: AP

Тројца плус еден

По 2013-та година, играчите на бугарската политичка сцена ќе бидат тројца стари плус еден нов, но со доминантна улога на ГЕРБ, ги резимира ставовите на аналитичарите Антониј Тодоров. А, дали ГЕРБ ќе продолжи да биде коалиција за привремена употреба на власта, ќе зависи од тоа дали партиите во Бугарија ќе бидат подложени на демократска терапија, додава социологот. Според него, на партиите треба да им се помогне да функционираат како вистински демократски организации, каде што членовите треба да го имаат зборот, лидерот да биде поставен на тест од внатрешна опозиција, а на сцената и зад завесата да има трка на каузи, а не договор меѓу брокерски формации, за апаши да се докопат до власта.

Накратко, резимира Антониј Тодоров, на изборите во 2013 електоратот може или да стави точка на статус кво состојбата „еден човек - една партија“, или да продолжи да се грижи за тоа дали Брисел ќе го лиши од шкембе чорбата. А, изборите ќе ги решаваат олигарсите – на балкански начин.