1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бугарија од Македонија очекува добососедство на дело

СН/БГ/макфакс1 ноември 2012

Ќе судиме според дела, не според писма, порача бугарскиот претседател Росен Плевнелиев, како одговор на предлогот на неговиот македонски колега Ѓорге Иванов Македонија и Бугарија заеднички да слават еден од три датуми.

https://p.dw.com/p/16b3c
Фотографија: picture-alliance/dpa

„Го прочитав писмото на македонскиот претседател. Мислам дека моите вчерашни зборови дадоа одговор на пораката што ја добив од Македонија. Треба да биде апсолутно јасно на сите дека писмата и идеите за работни групи што доаѓаат од Македонија се една работа. Она што е важно за мене се резултати, реформи и акција. Резултати во интерес на добрососедските односи. Тоа го очекувам да се случи. Нема да се случи преку ноќ. И, тоа зависи од властите во Скопје. Ние сме отворени за соработка, го имаме повторено тоа“, изјави бугарскиот претседател Росен Плевнелиев, пренесува „Фокус“.
„На почетокот на мојот мандат категорично реков дека ние ќе судиме според
делата. Ова е силна порака што треба да ја запомнат. Ќе судиме според дела,
не според писма. Дела за добрососедски односи“, порача Плевнелиев.