1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бугарите и Романците не се граѓани од втор ред

Жанет Зајферт/Симе Недевски9 јануари 2014

Расправата за доселениците од Исток ги разгорува емоциите во Германија. Некои политичари тврдат дека сиромашните дојденци ќе живеат на државна сметка, други велат дека евтината работна сила ја прави Германија побогата.

https://p.dw.com/p/1An6j
Фотографија: picture-alliance/dpa

Романците и Бугарите чекаа 7 години да станат полоноправни граѓани на ЕУ- и тоа им успеа дури на 1. јануари 2014. Од Нова година тие можат да одат во која било земја членка на ЕУ и таму да бараат работа. Тоа е добра вест, но радоста донекаде им ја попречува жолчната дискусија во западните земји. Десничарите и конзервативците се плашат дека странците ќе го злоупотребат системот на социјална заштита, односно дека ќе дојдат во богатите западни земји само поради социјалната помош и детскиот додаток. Тоа го отсликува и ставот на Христијанско- социјалната унија (ЦСУ), една од владејачките партии во Германија- оваа партија е загрижена поради можна „злоупотреба на европската слобода на вработување преку доселувањето на сиромашни мигранти“.

Масивна дискриминација“

Романското министерство за надворешни работи на тоа не му придава преголемо значење: „Слободата на вработување е една од основните вредности на ЕУ и е камен темелник на заедничкиот европски пазар“, нагласува портпаролката на министерството, Брандуша Предаско. Со тоа се согласува и германската влада. „Со оглед на тоа, прилично опуштено ги доживуваме таквите изјави на одделни германски политичари.“
Од друга страна бугарскиот министер за надворешни работи Кристијан Вигенин и не делува баш опуштено: „Многу сме вознемирени поради оваа кампања која трае веќе со недели“, изјави во едно интервју, и додаде дека не сака кон него да се однесуваат како кон „граѓанин на ЕУ од втор ред“. Се стекнува впечаток дека министерот е сѐ понезадоволен поради ставот кој одделни политичари го имаат кон неговите сограѓани. Иако, такви гледања има и надвор од Германија: Белгија одамна започна да ги протерува граѓаните на ЕУ кои таму работат но не заработуваат доволно. А владата на Велика Британија пред неколку недели најави можност за се дозволи проток на работна сила само од оние земји кои имаат доволно висок приход по глава на жител. „Дел од тие мерки, на пример оние кои ги предлага британската влада, претставуваат масивна дискриминација“, вели Вигенин.

Bulgarischer Außenminister Kristian Wigenin
Бугарскиот министер за надворешни работи Кристијан ВигенинФотографија: BGNES

Мобилност, а не миграција

Во Германија чето се слуша изразот "armutszuwanderung" односно- доселување поради сиромаштија. Брандуша Предаско од романското министерство за надворешни работи смета дека таквото етикетирање е потполно погрешно. „Од наша гледна точка во Букурешт, ние не разбираме што тоа всушност значи. Граѓаните на ЕУ имаат право да се отселат во други земји членки и таму да бараат работа“, вели таа за ДВ и додава оти внатре во ЕУ не се работи за миграција, туку за мобилност на работна сила.
Германија има повеќе полза отколку штета од доселувањата од други земји од ЕУ, стои во една студија на ЕУ, која е објавена пред неколку дена. И германското министерство за труд тврди дека поголемиот дел од емигрантите од Бугарија и Романија имаат работа и дека уплаќаат во државната каса. Статистиките велат дека секој доселеник носи просечно 14.000 евра повеќе во ситемот на социјална заштита, како и дека стапката на невработеност на овие две групи странци во Германија изнесува околу 7,4 проценти- што е дури и нешто помалку од националниот просек.

Arbeitnehmerfreizügigkeit
Фотографија: picture-alliance/dpa

Одлив на мозоци“ во земјите на потекло

Лазар Команеску, романски амбасадор во Берлин, не верува оти ќе дојде до масовно иселување на Романци на Запад. Сепак, тој признава дека многу млади и образовани луѓе ја напуштаат земјата. „Секако, тоа е голема загуба“, вели тој за ДВ. „Но сигурен сум оти тоа ќе се смени кога ќе се развие романската економија.“
Партијата ЦСУ го лансираше слоганот „Кој мами, тој лета“, што значи дека странците кои ќе се обидат да добијат социјална помош врз основа на лажни документи треба да бидат протерани од Германија, со забрана за повторен влез. Бернд Фабрицијус, пратеник од оваа партија кој е роден во романскиот дел на Трансилванија, смета оти тој слоган е правилен. Истовремено, тој истакнува дека злоупотребата не треба да се поврзува со националност, ниту со земја на потекло. Голем дел од Романците кои живеат во Германија тоа го гледаат на сличен начин, вели Фабрицијус. „Тоа се добро интегрирани, вредни луѓе, кои ја критикуваат злоупотребата исто како и ние.“

Прекугранична соработка

Fernbus in Bulgarien
Фотографија: picture-alliance/dpa

И Ради Најденов, амбасадор на Бугарија во Берлин, признава дека постојат одредени тешкотии во либерализацијата на пазарот. На пример во градовите како Дуизбург, Офенбах или Мајнхајм живеат многу луѓе од Бугарија и од Романија. Меѓутоа тука главно станува збор за припадници на ромското малцинство, кои се жалат на дискриминација во своите земји.

Unterkünfte von rumänischen Arbeitern in Frankfurt
Фотографија: picture-alliance/dpa

Истовремено тие земји се подготвени да преземат дел од одговорноста:„Нашата амбасада поддржува соработка на надлежните институции на двете држави за да се спречи злоупотреба на системот на социјална заштита“, велу Најденов за ДВ. Веќе сега постојат заеднички проекти во чии рамки полицајци и социјални работници од Бугарија доаѓаат во Германија и помагаат во интеграцијата на странците. Организирани се и работни средби на претставници на властите на Софија и на Дортмунд. Нивна цел се проекти од кои сите ќе имаат полза- и земјата на потекло и странската земја и доселениците.