Бројни жртви при падот на авион во Лагос
4 јуни 2012Реклама
Авионот на компанијата Дана Ер, МекДонел Дуглас МД-83, призводство на американскиот Боинг, сообраќал на линијата Лагос - Абуџа. Несреќата се случи во непосредна близина на аеродромот. Се стравува дека покрај околу 150 патници, има уште жртви, зашто авионот падна врз густо населено место.
Авионот при слетувањето на аеродромот допрел до електричен кабел со висок напон, по што паднал врз зградата, разбивајќи се на повеќе делови, соопштија нигериските воздухопловни власти и очевидци. По падот, на местото на несреќата се собрале илјадници луѓе. Полицијата делумно неуспешно се обидувала да им обезбеди пат на возилата за итна помош.
Нигерискиот претседател Гудлак Џонатан одреди тридневна национална жалост поради несреќата.