Бронза за Германија
14 февруари 2006Златото и среброто во оваа трка им припадна на две Русинки ,
Светлана Ишмуратова и Олга Пилева. Инаку останатите германски натпреварувачки во оваа дисциплина, Кати Влихелм , Уши Дизел и Мануела Хенкел не успеаја да стигнат до место на подиумот.
Глагоу на која ова и е прв медал на олимписките игри со задоволство зборуваше за успехот но и за остварувањето на нејзините и соништата на сонародникот Михаел Грајс , освојувачот на златото во машката трка . Тие на претходната Олимпијада имено не успеаја да се најдат на победничкиот подиум:
“ Најнапред многу се радувам , дека вечерва ќе бидам дел од церемонијата за доделување на медалите . Тоа е еден многу голем сон за мене. Миши Грајс и јас , тогаш во Солт Лејк сити стоевме секогаш во публиката и си велевме: Ќе беше убаво , барем еднаш да се застане горе на подиумот и сега и двајцата успеавме во тоа и тоа е едноставно прекрасно“ .
Инаку на вчерашниот трет ден од 20-те змиски олимписки игри меѓу оние кои освоија злато беше и руската двојка во уметничко лизгање Татјана Тотмианина и Максим Маринин , како и американецот Џои Чик на трката од 500 метри брзо лизгање.