1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Британските маринци се вратија во земјата

5 април 2007
https://p.dw.com/p/AgGf

Британските маринци, кои вчера ги ослободи Иран, пристигнаа во татковината. Тие веднаш беа однесени во воена база на југозападот на Англија, каде треба да се сретнат и со своите семејства. 15-темина маринци пред околу две недели беа заробени на иранско-ирачката морска граница. Иран тврдеше дека се наоѓале во негови територијални води, Велика Британија го оспоруваше тоа. Некои од војниците на иранската телевизија изјавија дека илегално навлегле во ирански води.