Британските банки ќе им плаќаат обесштетување на клиентите
22 август 2013Британската институција за надзор на финансиското работење ФЦА денеска (22.08) соопшти дека банките мора да им исплатат обесштетување на седум милиони свои клиенти. Тие биле убедувани да склучат осигурување за своите кредитни картички или против кражба на лични документи. Муштериите добивале погрешни информации, кои или не биле точни или биле недоволно јасни, констатира ФЦА. Само поради тоа, толку многу муштерии склучиле осигурување кое или не им било воопшто потребно, или покривало ризици кои не постоеле.
На тој начин, 13 банки, меѓу кои и големите банки како Баркли, ХХСБЦ, Ројал Банк оф Скотланд и една филијала на Лојдс Банкинг Груп и фирмите за кредитни картички соработувале со осигурителното друштво Кард Протекшн План (ЦПП). Сега сите заедно мора да го платат обесштетувањето од 1,5 милијарди евра.
Британските банки се вклучени во низа скандали, како манипулација со важните меѓубанкарски стапки Либор и Еурибор и продажба на непотребни кредитни осигурувања.