1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Британската тајна служба ги шпионирала корисниците на Јаху

ЖА/дв/дпа28 февруари 2014

Британската тајна служба со години посегнувала по снимките од веб-камерите на корисниците на интернет концернот Јаху. Акцијата не донесла голем резултат, но меѓу собраните снимки имало голем дел од сексуална природа.

https://p.dw.com/p/1BHKZ
Фотографија: Imago/Chromorange

Програмот „Оптик Нерв“ во периодот од 2008. до 2010. година зачувувал статични слики од веб-четот на интернет-концернот Јаху, објави британскиот весник „Гардијан“. Без постоење било какво сомневање, на удар биле милиони корисници на Јаху (Yahoo). „Гардијан“ како извор на информацијата ги наведува документите од информантот Едвард Сноуден, поранешниот соработник на американската тајна служба НСА, кој ги обзнани огромните размери на прислушување и шпионирање вршени од страна на американската Агенција за национална безбедност. Јаху гневно реагирал и одрекол дека бил запознат со акцијата.

Само во рок од шест месеци британскиот Центар за владини комуникации собрал фотографии од 1,8 милиони корисници на Јаху. Меѓу нив се наоѓале бројни снимки од сексуална природа. „Гардијан“ објавува и извадок од таен извештај на британскиот Центар за владини комуникации.

Тајната служба потоа се обидела да изврши идентификација на снимените личности преку програма за автоматско препознавањена цртите на ликот. Целта била препознавање на лицата од постојни листи.

Притоа, не се вршело снимање на комплетниот видеострим, туку секои пет минути била правена статична фотографија, со што британскиот Центар за владини комуникациисе задржал во законски дозволените рамки, но истовремено сакал да ги заштит и капацитетите на серверот.

Изборот на сниманите четови бил вршен целосно случајно, тајната служба не била фокусирана врз одредени личности, а пристапот до снимките бил ограничен на нејзините соработници.

Надгледувањето кое го вршел британскиот Центар за владини комуникации било во тесна соработка со американската НСА, од која потекнува и ноу-хау за програмот. Британскиот Центар за владини комуникации активностите ги оценил за „нужни и соодветни“, вршени во согласност со постоечките закони во Велика Британија. Во интерен документ се споменува сепак ризикот при шпионирањето на видео-четовите преовладувачки дел од податоците да се состои од „порнографија, реклама, секвенци од филмови и семејни видеа“, кои се бескорисни за потребите на тајните служби.