Британецот Ховит нов известувач на ЕП за Македонија
10 мај 2011Реклама
Ричард Ховит доаѓа од редовите на Прогресивната социјалистичка група во Европскиот парламент како член на британската Лабуристичка партија на Велика Британија. Тој како известувач за Македонија доаѓа на местото на словенечкиот европратеник Зоран Талер, кој замина од функцијата по скандалот со корупција.
Последниот извештај за Македонија пред Европскиот парламент го бранеше бугарскиот европратеник Кристијан Вигенин.
Автор: ЕМФ/СН/тг/миа
Редактор: Симе Недевски