1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бриселскиот план за банкарски надзор засега одложен

ЖА/дпа/афп15 септември 2012

Плановите на ЕК за воведување единствена банкарска супервизија на европско ниво од почетокот на идната година нема да бидат реализирани.

https://p.dw.com/p/169hS
Фотографија: DW/B. Riegert

Планираниот старт на европската банкарска супервизија уште од 1. јануари 2013. година нема да биде можно, им соопшти на новинарите германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле по средбата на неговите колеги од ЕУ на Кипар. Воведувањето надзор над банките е нужно, но како тој ќе изгледа и каква улога притоа ќе игра Европската централна банка, се‘уште е спорно, се вели од Никозија, каде министрите втор ден денеска (15.09) беа на неформални советувања. Жестоки противења против плановите за супервизија над банките, во сега предложената форма, не стигнаа само од Германија, туку и од повеќе земји надвор од еврозоната. Еврокомесарот Мишел Барние на самитот на ЕУ во јуни имаше за задача да предложи концепт за единствен надзор над банките. Тој би требало да спречи предизвиканите проблеми од банките поради евентуалната лабава контрола на национално ниво да го разнишаат целокупниот европски финансиски сектор. Барние предложи новата супервизија на банките во ЕЦБ постепено да ги проширува своите надлежности се‘ додека со нив не бидат опфатени сите 6 илјади банки во еврозоната. Шојбле инсистира со контролата да бидат опфатени само најважните банки за функционирањето на европскиот финансиски систем, а помалите да бидат под надзор на национално ниво.