1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бриселската одлука - пресвртница во грчката криза?

Јанис Пападимитриу/ Александра Трајковска28 ноември 2012

Олеснување во Грција, откако еврогрупата даде зелено светло за новата транша помош. Грижите меѓутоа остануваат и по последниот договор со Брисел вреден милијарди.

https://p.dw.com/p/16r1z
Фотографија: picture-alliance/dpa

„Се’ протече добро, за тоа се бореа Грците“, изјави премиерот Андонис Самарас вчера (27.11) во Атина. За Евангелос Венизелос, шефот на владиниот коалиционен партнер, Социјалистите резултатот од преговорите во Брисел беше „нов почеток, кој итно и е потребен на Грција по девет месеци чекање“.

Само левичарската опозиција повторно не беше задоволна: „Таму преговараа само госпоѓа Меркел со госпоѓа Лагард во отсуство на нашата земја“, криткуваше шефот на опозицијата Алексис Ципрас и дополни: „Всушност има само едно решение: политичка промена, која нашата земја желно ја очекува, за повторно народот да дојде во преден план. Оваа промена ќе дојде“, рече Ципрас, знаејќи дека неговата партија, според сите анкети води во последните недели, и тоа со значајна предност пред владејачките конзервативци.

Hamburg Zukunftscamp 2012 Umverteilung
Алексис ЦипрасФотографија: DW

Се е само измама?

Во вчерашното издание коментаторот  во атинскиот весник „Та Неа“ предупреди од преголема еуфорија: „Сега повторно сме ние на потег. Мерките за штедење ќе болат“.

„Доза отров“  беше пак насловот во левичарско-либералниот „Весник на уредници“ - игра на зборови. Имено зборот „доза“ на ново грчки значи како медицинска доза така и кредитна транша. Весникот кон ова надополни: „Барањата на нашите доверители го осудуваат грчкото општество на бавна смрт. Со секакви сметачки трикови не мамат, дека грчките долгови можат да бидат отплатени, во реалност меѓутоа тоа се одлага за подалечна иднина“.

Symbolbild Haushaltsdebatte Bundestag
Фотографија: picture-alliance/dpa

Меѓу надеж и страв

Панајотис Јокемидис, политиколог на атинскиот универзитет поинаку гледа на развојот: „Без сомнение бриселската одлука е позитвен развој, иако и натаму постои несигурност и нејасност. Таа во блиска иднина би можела дури да претставува пресвртница во грчката криза, под услов договорените мерки за штедење да бидат спроведени“, појаснува Јокедемис во интервју за ТВ Скај од Атина.

Новинарот Панајотис Панајоту, кој на неодамнешните парламентарни избори се кандидираше за умерената левичарска партија Демократска левица, не можеше да се воздржи од страничен удар против Германија: Европа и пред се’ Германија всушност мораше да се изборат за конечно регулирање на задолжувањето, појасни Панајоту за грчката државна телевизија и дополни: „Неможе да се има побарување за раководството во Европа без против услуга“.