1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

БРИКС бара алтернатива на Светската банка

Александар Методијев /АТ/дпа/афп29 март 2012

БРИКС групата, составена од брзорастечките Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка, го отворија самитот во Њу Делхи, а на врвот на агендата ќе се најде создавањето на нова банка за развој.

https://p.dw.com/p/14UDj
Фотографија: Reuters

Конференцијата ќе трае еден ден, а на неа учествуваат претседателите Дилма Русеф, Димитриј Медведев, Ху Џиантао и Јакоб Зума, како и индискиот премиер Манмохан Синг. Целта на самитот на лидерите од растечките економии е да се најде начин за поголема економска соработка и да се создаде банката, која ќе финансира проекти и трговија во земјите во развој.

Од индиското министерство за надворешни работи информираа дека за време на самитот ќе се потпишат два пакта за трговија меѓу земјите од БРИКС. Тие треба да овозможат кредитни линии во локалните валути за бизнисмените, а ана банките за развој да ги прошират кредитите што меѓусебно си ги даваат.

Со договорите треба и да се поттикне трговијата меѓу БРИКС земјите, која расте годишно за 28 проценти и застана на 230 милијарди долари во 2011-та. Лидерите од овие земји сакаат да формираат алтернатива за Светската банка и другите водечки меѓународни кредитни институции во земјите во развој. Исто така, на самитот ќе се бараат начини за одржлива обнова на глобалната економија, информираше индискиот министер за трговија Ананд Шарма. На самитот ќе се зборува и за климатските проблеми, тероризмот и обезбедувањето храна и енергија.

БРИКС нациите го одржаа првиот годишен самит во 2009-та. Тие учествуваат со 22 проценти во глобалниот БДП и со 43 проценти во светската популација.