Брејвик е навреден што го прогласиле за луд
30 ноември 2011Норвешкиот масовен убиец Андерс Беринг Брејвик се чувствувал „повреден“, бидејќи двајца судски психијатри го прогласија за непресметлив. Брејвик не сака да прифати, тој да биде оценет како непресметлив поради психоза за време на вршење на делото и потоа. 32 годишниот Брејвик со ова реагираше на објавувањето на експертизата за него, изјави портпарол на полицијата. Во извештајот на двајцата психијатри изработен за судот во Осло се наведува дека Брејвик нападите ги извел до „психопатска состојба“. Според нив, десниот екстремист страда од „параноидна шизофренија“ и е обземен од мегаломански халуцинации.
Брејвик на 22 јуни годинава во Осло и на островот Утоја уби вкупно 77 лица. Повеќемина преживеани преку норвешките медиуми иразија разочароност, бидејќи Брејвик, врз основа на експертизата најверојатно ќе остане неказнет.
Автор: АТ/дв/дпа
Редактор: Горан Чутаноски