1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Брахими во Каиро на разговори со Арапската лига

ЕМФ/дв17 септември 2012

Новиот специјален пратеник на ОН и на Арапската лига за Сирија, Лакдар Брахими, ги заврши разговорите во Сирија и замина за Каиро. Сириската опозиција не верува во успех на неговата мисија. Борбите во Сирија не запираат.

https://p.dw.com/p/16A9R
Фотографија: AP

Во главниот град на Египет Лакдар Брахими треба да разговара со претставници на Арапската лига пред да замине за Њујорк на средба со генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун. Според портпаролот на Брахими, Ахмед Фавзи, специјалниот пратеник потоа има намера да води разговори со претставниците на соседните земји на Сирија.

Во изминатите неколку дена Брахими во Дамаск разговараше со сирискиот претседател Башар ал-Асад и претставници на делот од опозицијата кој е толериран од страна на режимот, а преку интернет водеше разговори и со претставници на вооружената опозиција во земјата. Брахими по средбата со Асад изјави дека кризата во Сирија е закана за регионот и за мирот во светот. Портпарол на опозиционата Слободна сириска армија изјави дека е сигурен оти мисијата на Брахими ќе биде неуспешна исто како на неговиот претходник Кофи Анан.

Во меѓувреме, борбите во Сирија продолжуваат. Според активисти за човекови права, само во текот на вчерашниот денз агинале 50 луѓе. Во конфликтот кој трае 18 месеци, според наводи на опозицијата, убиенис е повеќе од 27.000 луѓе. ОН сметаат дека во Сирија досега има околу 20.000 загинати.