1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

060609 Brown PK

6 јуни 2009

Министрите му заминуваат, а и избирачите. Сепак, премиерот на Велика Британија, Гордон Браун не сака да поднесе оставка. Тој, на прес конференција, покажа борбен дух. Опозицијата, пак, бара нови избори во земјата.

https://p.dw.com/p/I4Wz
Гордон Браун

„Да, тоа беше тешка ноќ. Но, и натаму ќе се бориме за тоа во што веруваме. нема да се предадам, ќе ја вршам работата и натаму.“

Ова се централните изјави на британскиот премиер, Гордон Браун на прес конференцијата одржана на крајот на еден драматичен ден. Повеќемина министри објавија дека си заминуваат од функцијата, а еден од нив дури го повика и Браун да даде оставка зашто, како што нагласи во отворено писмо, тоа би било подобро за Лабуристичката партија. Но, премиерот не се предава:

„Верувам во исполнување на обврските, во тоа да се биде фер кон другите, верувам во искрена политика. Верувам дека во тешки времиња не треба да се потклекнува. Стојам зад тоа и решен сум да ја водам земјата низ економски тешки времиња“, рече Браун во Лондон.

Грешки се правеле

На прес конференцијата Браун призна грешки, како на пример, дека реагирал доцна на скандалот со богатење на многубројни политичари и пратеници во парламентот од сите партии на сметка на даночните обврзници со сомнителни, делумно и измамнички прикажувања на трошоци и наплата на средства на кои немале право. Тој зборуваше и за болниот пораз на комуналните избори во четвртокот (04.06.2009), на кои Лабуристичката партија го загуби мнозинството во последните четири комунални парламенти во северозападна Англија. Лабуристите, веројатно, ќе претрпат големи загуби и на изборите за Европскиот парламент.

Blick über die Themse in London
Потресите во политички Лондон се големиФотографија: picture-alliance / dpa

Браун најави реконструкција на владата, што е планирана од поодамна. На најважните функции нема да има промени - министерот за финансии Алистер Дарлинг и министерот за надворешни работи Дејвид Милибанд остануваат. Браун, всушност, сакал да ги премести на други функции, но обајцата пружиле отпор. Нов министер за внатрешни работи е Алан Џонсон.

Außenminister David Miliband
Дејвид Милибанд останува на функцијата шеф на дипломатијатаФотографија: AP

Опозицијата притиска

Со оглед на слабостите на владата, опозицијата смета дека е во подем. Шефот на ториевците, Дејвид Камерон и лидерот на либералдемократите, Ник Клег, бараат одржување нови избори: „Ирелевантно е дали Гордон Браун ќе си оди, ќе остане или некој ќе го замени. Лабуристичкото владеење е при крај. Потребно ни‘ е нешто ново, нешто поинакво, свежо во британската политика. Затоа, луѓето треба да го кажат своето. Значи - распишете избори.“


Автор: Торстен Хун / Елизабета Милошевска Фиданоска