1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Брамерц: Пресуда за Младиќ и крај на Трибуналот до крајот на 2015 година

ЕМФ/миа10 февруари 2013

Главниот обвинител на Хашкиот трибунал Серж Брамерц најави дека Обвинителството со пресудата на Ратко Младиќ, која се очекува до крајот на 2015 година, ќе заврши со работа.

https://p.dw.com/p/17baf
Фотографија: picture-alliance/dpa

Според Серж Брамерц, наскоро се очекува пресудата за Воислав Шешељ, а до крајот на следната година и за Радован Караџиќ. Тој во интервју за белградскиот весник „Блиц“ потсети дека моментално се активни уште само три обвиненија - против Младиќ, Караџиќ и Горан Хаџиќ, и кога тие случаи ќе бидат завршени работата на Судот ќе биде готова.

Брамерц објасни дека во случаите со неправосилните предмети до крајот на работата на Обвинителството, таа функција ќе ја продолжи времено тело на Меѓународниот кривичен суд (МКС), за што одлучи Советот за безбедност во декември 2010 година. Еден негов дел ќе се наоѓа во Хаг и ќе ги преземе обврските на МКС за поранешна Југославија.

Хашкиот обвинител објасни дека ова времено тело ќе се занимава со прашања како што се заштита на сведоци, применување на казни, соработка со државите кои бараат информации од Трибуналот, можни жалбени предмети во случаите Караџиќ, Младиќ, Шешељ и Хаџиќ.