1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бошко Ѓуровски- нов селектор

СН/ат/миа26 ноември 2013

Од 1. јануари наредната година на чело на македонската фудбалска репрезентација ќе застане Бошко Ѓуровски, соопшти денеска (26.11.2013) Фудбалската Федерација на Македонија.

https://p.dw.com/p/1AOoV
Фотографија: Petr Stojanovski

Поранешниот репрезентативец Бошко Ѓуровски е изборот на Фудбалската федерација на Македонија за селектор на А националниот тим. ФФМ со Ѓуровски потпиша двегодишен договор со можност за продолжување за уште две години. Договорот стапува на сила од 1 јануари 2014 година.

Официјалната промоција на Бошко Ѓуровски во селектор на репрезентацијата на Македонија ќе се случи на 12 декември 2013 година.

„Одлуката за избор на новиот селектор беше донесена според предходно дефинираните критериуми на Фудбалската федерација на Македонија.

Тренерското искуство, остварените тренерски резултати, имиџот во јавноста, карактерот, подготвеноста да има директен увид во случувањата во македонскиот фудбал и едукацијата на тренерите, како и покажаната желба за извршување на функцијата, пресудија изборот да биде на нашиот Бошко Ѓуровски“, соопштуваат од ФФМ.

Во „Куќата на фудбалот“ веруваат дека квалитетите и способностите на новиот селктор заедно со неговото професионално тренерско искуство ќе придонесат за подигање на стандардите на работа во репрезентацијата.

Сметаме дека ќе биде селектор, кој со својот стручен тим максимално сериозно ќе му пристапува на секој натпревар, ќе создаде компактен тим, каде поединците ќе бидат во функција на колективот и ќе имаме успех. Федерацијата со сите свои капацитети ќе го поддржи во неговата работа, ќе му обезбеди слобода и идеални услови за работа, а сѐ со цел, успех во следниот квалификациски циклус.

Веруваме дека имаме иднина, дека овој наш реномиран фудбалски работник, ќе создаде синергија, напорно ќе работи со младите таленти, ќе придонесе да се развиваат како фудбалски така и со карактерни особини, кои треба да ги има еден репрезентативен фудбалер, велат во ФФМ.