Боцан Харченко: Белград и Приштина подготвени за скоро почнување на преговорите
1 септември 2007Реклама
Рускиот претставник на тројката на Контакт групата Александар Боцан Харченко изјави дека Белград и Приштина го поддржуваат предлогот на посредниците, за што поскоро отпочнување на директни преговори. Претставникот на Русија изрази и уверување дека Приштина ќе се воздржи од еднострано прогласување независност во текот на преговарачкиот процес за статусот на покраината. Според Харченко наредната средба на тројката со делегациите на Белград и Приштина ќе биде во септември, најверојатно во Москва.