1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Борците за човекови права го критикуваат составот на Советот за човекови права на ОН

ЕМФ/дпа/афп/епд13 ноември 2013

Изборот на новите членки во Советот за човекови права на ОН предизвикува протести кај организациите за човекови права.

https://p.dw.com/p/1AGWj
Фотографија: AFP/Getty Images

Кина, Русија, Саудиска Арабија, Куба - ова е дел од земјите кои беа избрани за членки на Советот за човекови права на ОН, независно од протестите на организациите за заштита на човековите права. Хјуман Рајтс Воч укажува, на пример, дека Кина, Русија и Куба се земји во кои прогонот на опозиционерите е постојано на дневен ред. Се критикува дека во тие земји понекогаш човековите права се кршат грубо.

Во највисокото тело на ОН за заштита на човековите права, кое брои 47 членови и каде место има и Германија, вчера од Источна Европа беа избрани и Македонија и Русија, кои беа и единствени кандидати од овој дел на светот. Со оглед на тоа што изборот се прави по групи, дел од земјите чиј избор е контроверзен, во своите групи речиси и немаа противкандидати, така што изборот им беше сигурен однапред.

Советот за човекови права беше основан во 2006 година и дојде на местото на често криткуваната Комисија за човекови права на ОН. Тој требаше да биде поспособен за акција и за поттикнува почитување на човековите права во светот. Сепак, меѓу 47-те членки кои се менуваат, постојано има држави кои кај организациите за човекови права се во врвот на црната листа. Русија и Кина, на пример, веќе претходно беа членки во Советот, исто како и Либија, Азарбејџан или Куба.

Членството во Советот трае три години, со можност за уште еден реизбор, по што мора да се прави пауза.