Борхарт е нов шеф на ЕУЛЕКС?
2 декември 2012Реклама
Бернд Борхарт би требало да го замени францускиот генерал Гзавие Бу де Марнак, со што би се прекинала практиката во историјата на ЕУ - пензиониран француски генерал да биде на чело на мисијата. Весникот „Коха Диторе“, повикувајќи се на високи извори во ЕУ, пишува дека изборот на германскиот дипломат на функцијата шеф на ЕУЛЕКС е сигурен. Засега нема официјална потврда на ваквата информација.
Борхарт порано беше амбасадор во Албанија и втор човек во германската амбасада во Романија. Педесет и седумгодишниот дипломат има искуство и со Косово, бидејќи за време на конфликтот беше заменик на Вилијам Вокер, кој беше шеф на Верификационата мисија на ОБСЕ на Косово.