1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Борисов ќе го врати мандатот за состав на нова влада

БГ/миа22 мај 2013

Поранешниот бугарски премиер најави дека ќе го врати мандат за состав на новата влада откако стана јасно дека неговата партија ГЕРБ не може да обезбеди мнозинство во парламентот.

https://p.dw.com/p/18c14
Фотографија: DIMITAR DILKOFF/AFP/Getty Images

Поранешниот бугарски премиер и лидер на конзервативната партија Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ), Бојко Борисов најави дека ќе го врати мандатот за состав на нова влада, што треба да му биде доделен утре, без да предложи кандидати за нови министри до Парламентот. Како што јави БТА, Борисов најави дека утре ќе го прифати мандатот за состав на нова влада од бугарскиот претседател Росен Плевнелиев, по што веднаш ќе го врати.

"Ќе помине само малку време, околку половина час, до врачувањето на мандатот на  следната политичка сили“, изјави Борисов. Тој нагласи дека се решил на таков чекор од причина што „веќе се гледа формирањето на нова тројна коалиција“ меѓу Бугарската  социјалистичка партија (БСП), турското Движење за права и слободи (ДПС) и националистичката партија Атака.

ГЕРБ победи на парламентарните избори во Бугарија на 12 мај, но не освои доволно мандати за сама да формира влада, а ниту една од другите три парламентарни партии не сака да коалицира со неа. Од друга страна БСП и партијата на бугарските Турци ДПС заедно имаат 120 пратеници или еден помалку од потребните за парламентарно мнозинство. Аналитичарите оценуваат дека БСП и ДПС би можеле да најдат еден пратеник од редовите на ГЕРБ или на Атака, кој би ја подржал нивната коалициска влада.