1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Борисов е против име „Северна Македонија“

ЖА/макфакс/новините8 јуни 2012

Бугарија е против име со географска одредница како можно решение на спорот за името меѓу Македонија и Грција, вели бугарскиот премиер Бојко Борисов.

https://p.dw.com/p/15AgS
Фотографија: AP

Бугарскиот премиер објаснува дека име како „Северна Македонија“ е целосно неприфатливо, бидејќи со таква одредница се опфаќаат и бугарски територии, што, според него, ќе покрене можност за територијални претензии.

За бугарската ТВ Плус тој изјави дека во Бугарија биле дискутирани повеќе верзии за името на Македонија, вклучувајќи го и името „Северна Македонија“. „Реков дека нема да го прифатиме, бидејќи утре може да речат дека Благоевград е македонски“, изјави Борисов за ТВ+, а пренесува „Новините“.

Коментирајќи го изборот на Томислав Николиќ за српски претседател, Борисв вели дека го почитува изборот на Србија и е подготвен на соработка со Николиќ исто како и со Борис Тадиќ. Тој повтори дека Бугарија ги поддржува сите земји од Западен Балкан во нивните напори за евроинтегрирање.