Борби меѓу владините трупи и бунтовниците на Јоло
10 август 2007Реклама
При борби меѓу владините трупи и муслиманските бунтовници на јужно филипинскиот остров Јоло убиени се околу 60 лица. Според локалните власти илјадници цивили веќе се во бегство. Борбите почнаа откако припадници на бунтовничката организација Абу Сајаф нападнаа група војници. Бунтовниците на југот на Филипините се борат за независност од централната влада.